Самоубиствен бомбашки напад во авганистанската провинција Кундуз

Од:

Во авганистанскиот округ Даши Арчи, во близина на џамија, утрово бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа, при што загина управителот на округот, Сајед Садрудин.

Во нападот настрадаа уште неколку лица, но точниот број на жртвите се уште не е познат, пренесе „Асошиејтед прес“.

Ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за нападот, но постои сомневање дека Талибанците стојат зад него, како и зад повеќето напади во Авганистан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан