Перез: Со отворањето на преговорите, ЕУ ги призна реформите на Албанија

Од:

Европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП, Ираче Гарсија Перез, која е во посета на Тирана, изјави дека со отворањето на преговорите, ЕУ ги признала реформите на Албанија.

– Со отворањето на преговорите, ЕУ ги препозна и ги прифати реформите и амбициите на албанските власти, на албанските граѓани и испрати силен сигнал за поддршка за легитимирање на нивните аспирации, рече Перез која присуствуваше на состанокот на парламентарната група на владејачката Социјалистичка партија.

Додаде дека е тука во Албанија за да ја „поддржи СП за отворање на преговорите на Албанија”.

– Тука сум и да ви нагласам дека, освен многуте кризи со кои се соочуваме, руската агресија, војната во Украина, ефектите од пандемијата, Албанија и земјите од Западен Балкан во целина, остануваат клучен критериум во ЕП, рече Перез.

Таа подвлече дека „проширувањето е најуспешното нешто во европските политики”.

– Значи, ова е стратешка инвестиција во стабилноста на европскиот континент, денес повеќе од кога било“. Процесот на проширување на Албанија е сигурен, предвидлив и фер. Ова е клучно достигнување за Албанија. Како модел за целиот регион и пошироко, ова е многу важно за ЕУ ​​и за европските граѓани на европскиот континент и на глобално ниво, оцени таа.

Според неа извештајот за напредокот, кој беше објавен минатиот месец од ЕК, јасно вклучува два успеха, а тоа се Албанија и Северна Македонија.

– И двете земји се управувани од влади кои потекнуваат од нашето политичко семејство. Ова е доказ дека социјалдемократите, социјалдемократскиот пристап не само што функционира, туку покажува и достигнувања, нагласи Перез.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он