Масовната емиграција ги празни училиштата во Албанија

Од:

Масовната емиграција услови намалување на бројот на ученици во Албанија, па во последните четири години затворени се 103 училишта низ целата територија на земјата.

– Како резултат на намалувањето на бројот на ученици, многу образовни институции од предуниверзитетското образование, се затворени, а други се споија со оние од најблиските области. Имаме такви бројки кои изгледаат неверојатно. Според Управата за општо образование, од 2018 година до денес затворени се 103 училишта низ државата, вели претседателот на синдикатот на образованието, Невруз Каптели.

Еден од многуте такви примери, посочува тој, е дека само оваа учебна година во единствената гимназија во северниот град Кукс има пет паралелки помалку од лани а тоа се должи на масовната емиграција на младите кон Велика Бротанија, појава наголемо присутна во овој дел на Албанија.

Според Каптели, недостигот на инвестиции во инфраструктурата е уште една причина што влијае на напуштањето на училиштата, зашто “цели заедници се заборавени од владата”.

Според него без решение останува напуштањето на образованието од страна на учениците од ромската и египќанската заедница.

– Тоа се должи на немањето финансиска поддршка од државните институции. Од средбите што ги имавме со наставниците, главната причина што учениците од овие заедници не доаѓаат на училиште е сиромаштијата а некои од нив се без родители. И замислете 12-годишно девојче да живее без родители за да ги издржува братот и сестра си дома без никаква економска грижа, посочува тој.

Не само без ученици, оценува тој, туку училиштата ризикуваат да останат без наставници, поради емиграцијата, но и незадоволството од платите и неисплата на пари за превоз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он