Украина објави дека бара „итен пристап“ до местото во Полска каде синоќа падна проектил, кој, како што денеска соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најверојатно бил испукан од украинската противвоздушна одбрана во обид да се собори руска ракета.
Ова го потврди и секретарот на украинскиот Совет за безбедност Олексеј Данилов, кој предложи Полска и Украина да спроведат заедничка истрага за инцидентот. Данилов додаде дека Киев очекува сојузниците да обезбедат докази дека проектил истрелан од украинската противвоздушна одбрана паднал врз село во Полска.
Местото каде падна проектилот, селото Пржеводов, се наоѓа на околу 6,4 километри западно од границата со Украина.