Бајден: Ракетите што паднаа во Полска веројатно не се истрелани од Русија

Од:

Првите информации укажуваат дека е можно проектилите да не биле истрелана од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во врска со експлозијата што се случи во Полска, во близина на границата со Украина, во која загинаа две лица.

“Не сакам да кажам ништо дефинитивно додека не се направи целосна истрага. Сепак, поради траекторијата на ракетите, малку е веројатно дека биле истрелани од Русија. Но ќе видиме што ќе донесе истрагата“, рече Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен.

Бајден моментално е во Бали, Индонезија на самитот на Г-20, а пред изјавите одржа итен состанок со другите лидери на Г7 (Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија) и лидерите на Шпанија и Холандија.

„Меѓутоа, Русија со своите акции продолжува да ја влошува ситуацијата во Украина“, додаде американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски