Српската листа ќе ги бојкотира локалните избори на северот на Косово

Од:

Српската листа најави дека ќе ги бојкотира локалните избори на северот на Косово, кои претходно ги најави претседателката Вјоса Османи.

„Со оглед на одлуката на Приштина за одржување вонредни локални избори на северот на Косово, сакаме да ја информираме јавноста дека Српската листа нема да учествува на овие избори, а нема да учествуваат ниту граѓаните кои ја поддржуваат нашата партија, од кои над 95 отсто се на овие простори“, се наведува во соопштението.

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, оцени дека вонредните избори за четири српски општини на север, без Србите и српскиот народ, немаат никаква смисла и како такви се осудени на пропаст.

„Со едностраната одлука да се одржат некакви вонредни избори и во пресрет на големата слава на Свети Никола, властите во Приштина продолжуваат да вршат законско и институционално насилство врз Србите, кршејќи ја, меѓу другото, точката 11 од Бриселскиот договор“, предупреди Петковиќ во писмената изјава.

Според неговото мислење, ова е нов обид на Приштина да го окупира северот на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина