Елисејска палата: Макрон побара од Си да интервенира кај Путин

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од кинескиот лидер Си Џинпинг да интервенира кај рускиот колега Владимир Путин, со цел да го убеди да се врати на преговарачката маса за да се спречи ескалација на војната во Украина, информираше Елисејската палата.

„Францускиот претседател бара од Кина да придонесе со испраќање порака до претседателот Путин за да се избегне ескалација (на војната во Украина) со повик сериозно да се врати на преговарачката маса“, се наведува во соопштението.

Макрон моментално е во Индонезија, каде се одржува самитот на лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот.

Си Џинпинг во разговор со Макрон на маргините на Г20, „ги поддржа европските посреднички напори“, особено на францускиот претседател и „многу одлучно го повтори неговото спротивставување на употребата на нуклеарно оружје“ на Русите во Украина, додава Елисејската палата во соопштението.

Претседателот на Франција го повика кинескиот колега да ги обединат силите против војната во Украина, истакнувајќи дека „стабилноста“ во светот, исто така, е во интерес на Кина.

Макрон и Си разговарале и за билатералните односи, додека претседателот на Франција планира посета на Кина во почетокот од 2023 година, доколку тоа го дозволат здравствените услови поради коронавирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп