ОБСЕ до Груевски: Апсењето на Кежаровски е неприфатливо

Од:

Томислав Кежаровски во моментов е единствениот новинар во Западен Балкан кој што во притвор чека судење. Загрижува и самото апсење како и претерано оддолжениот притвор, оти тие негативно влијаат на слободата на медиумите во Македонија.

Ова го вели Дуња Мијатовиќ, претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, во писмо до премиерот Никола Груевски, во кое нагласува дека е неприфатливо продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски за уште 30 дена.

– Затворање на новинари за нивните пишување не е прифатливо во едно демократско општество. Ова е единствениот случај во регионот на Западен Балкан, каде се држи еден новинар во затвор во очекување на судски процес. Јас сум загрижена поради неговото апсење и прекумерно долгиот притвор, како тие негативно влијание врз слободата на медиумите во вашата земја – рече Мијатовиќ.

ОБСЕ потсетува на ставот и на ОН, односно на Франк Ла Ру, Специјалниот известувач на ОН за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување, кој рече:

“Како што кажав по мојата неодамнешна посета на земјата, Томислав Кежаровски треба да биде ослободен веднаш. Прекумерна мерки како што е неговиот продолжен притвор служат само да ги заплашат новинарите и длабоко да ја повредат независноста на медиумите. Демократиите никогаш не може да работат правилно кога критичките гласови се замолчени.”

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ