Вработена во центар за социјални работи во Кавадарци фалсификувала исправи

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци која се товари дека сторила кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член на стручен тим, при постапување со доверени предмети, обвинетата внесувала невистинити податоци во наодите и мислењата. Ваквите исправи ги потпишувала во име на останатите членови на стручниот тим, ги заверувала со службен печат и ги доставувала до директорот на Центарот за социјална работа за понатамошно постапување.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Кавадарци му предложи да ја огласи обвинетата за виновна и да ѝ изрече алтернативна мерка – условна осуда со која ќе ѝ утврди казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши доколку обвинетата не стори ново кривично дело во рок од две години по правосилноста на пресудата.​​

Би можело да ве интересира

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен