Заедничка мисија на бугарски и шпански воени авиони за заштита на воздушниот простор

Од:

Заедничката мисија за засилена заштита на бугарскиот воздушен простор почнува денеска, во која ќе учествуваат шесте шпански ловци Еурофајтер Ф-200 кои слетаа во саботата во воздухопловната база Безмер, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските и шпанските борбени авиони до 2 декември заеднички ќе извршуваат задачи во рамките на мисијата на НАТО за засилена заштита на воздушниот простор долж источното крило на Алијансата. Бугарското Министерство за одбрана прецизираше дека во реализацијата на заедничките задачи за зајакнување на заштитата на воздушниот простор на Бугарија, пред се ќе се користат бугарските воени ловци.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, пред неколку недели, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов ја соопшти веста за пристигнувањето на шесте шпански борбени авиони „Еурофајтер“, заради учество во заштитата на воздушниот простор во таа земја. Тој соопшти дека шпанските борбени авиони ќе бидат распоредени и во Романија во периодот од декември 2022 до март 2023 година, со осум авиони Ф-18 М таму заедно со група од 130 воени лица. Заедно со нив во Романија ќе биде инсталиран и радар со долг дострел.

Според бугарскиот министер за одбрана, целта на присуството на шпанските сили во двете земји е зајакнување на источното крило на НАТО. Тоа, исто така, е дел од севкупната стратегија на Алијансата за одврачање, поврзана со руската воена инвазија на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата