Романската компанија Дачија претстави официјални фотографии од редизајниарниот СУВ модел Дастер, што ќе биде претставен на Саемот во Франкфурт.
Дачија Дастер доби редизајнирана предна маска и мали промени на задниот дел, како и нови носачи на покривот од возилото.
На Саемот во Франкфурт Дачиа официјално ќе го претстави редизајниарниот Дастер со значително поагресивен изглед во однос на својот претходник. Компанијата наведува дека со редизајнот е ставен акцент на теренските детали на Дастер.
Предната маска има две линии со решетки и нови отвори за воздух, а исто така, обновени се и светлосните групи.