Околу два милиона килограми десертно и четири милиони килограми винско грозје засега се извезени преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.
– Извезените количини на трпезно и винско грозје се многу поголеми. Овие податоци што ние ги имаме се само за извозот кој се одвива само преку царинската испостава во нашиот град, нагласи Аризанов.
Според него, гроздоберот засега се одвива без проблеми, а интерес за извоз постои.