Украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба објави видео на кое се гледа отстранувањето на рускиот плакат во Билозерки во близина на градот Херсон. На плакатот пишуваше „Русија е тука засекогаш“, на што Кулеба коментираше „Па, не баш“.
“Russia is forever here”, said a poster in Bilozerka near Kherson. Well, not really!
To everyone in the world, including ASEAN where I currently am: Ukraine is gaining another important victory right now and proves that whatever Russia says or does, Ukraine will win. pic.twitter.com/8bc4JGNajX
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) November 11, 2022
„Испраќам порака до целиот свет. Украина оствари уште една важна победа и докажува дека што и да каже или направи Русија, Украина ќе победи“, најави Кулеба.