Љупчо Ристовски, претседателот на Интегра – Македонска конзервативна партија ќе присуствува на меѓународниот самит на христијански политички партии, парламентарци и сенатори во Вашингтон од 15 до 20 ноември 2022 година.
На Самитот д-р Ристовски ќе биде еден од главните говорници на законодавниот панел, а ќе се обрати поздравно и на посебна пригода во Сенатот на Америка, во име на партијата Интегра и во име на европските партнери.
Во поканата за настанот е оддадено специјално признание за работата на партијата Интегра, како и за процесите кои ги покренува во Македонија, особено во делот на промовирање на здрави вредности.
Притоа од нивна страна е споделен впечатокот дека со таквиот пристап досега, е остварено трансцедентално влијание и затоа Интегра го заслужува почесното место на политичката сцена во Македонија и Европа.