Пашинијан: Ерменија предлага формирање демилитаризирана зона околу Нагорно Карабах

Од:

Ерменија предлага да се формира демилитаризирана зона околу Нагорно-Карабах и на границата со Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

Пашинијан изјави дека Ереван предлага демилитаризирана гранична зона од три километри меѓу Ерменија и Азербејџан и двете земји да ги повлечат своите војници од границата.

-Предлогот е важечки и неговата изменета нацрт верзија вчера беше доставена до Азербејџан, посочи Пашинијан, соопшти агенцијата Таш.

Нагорно-Карабах прогласи независност во 1991 година и тогаш почна ерменско-азербејџанската војна, која траеше до 1994 година.

Советскиот Сојуз во 1923 година го анектираше регионот Нагорно-Карабах, со мнозинско ерменско население, и го придодаде кон автономната република Азербејџан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511