Еко активисти денеска одржаа протест пред Бранденбуршката порта по повод 33-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Демонстрантите на Бранденбуршката порта ставија транспарент на кого пишуваше „Се надеваме на опстанок за сите”.
ℹ️🇩🇪’Last Generation’ activists scale Brandenburg Gate in climate call: On the anniversary of the fall of the Berlin Wall, climate activists from the collective ‘Last Generation’ scale the Brandenburg Gate and display a banner calling for ‘survival for all’. It is the latest in pic.twitter.com/fccbkxIMfm
— 🌐World News 24 🌍🌎🌏 (@DailyWorld24) November 9, 2022
Протестот го организираше „Последна генерација” која повика на акција за солидарност за справување со климатските промени.
На овој ден на единство, ние како општество стоиме на работ, објави организацијата на Твитер.
Групата досега има одржано многу демонстрации барајќи посилна акција за справување со климатските промени.