Силниот земјотрес кој утрово ја погоди Италија и беше почувствуван во околните земји е снимен и во директна телевизиска програма.
Италијанскиот ТВ водител Масимо Фогети даваше преглед на денешните вести кога се случи земјотресот. Прво брзо го напуштил местото пред камерите, а потоа се вратил и чекал да престанат потресите, за на крајот да реши да избега од студиото на безбедно.
#Terremoto in diretta durante la rassegna stampa dell’emittente Fano Tv 19. Massimo Foghetti cerca di capire, poi arriva un’altra scossa e fugge. La trasmissione viene interrotta pic.twitter.com/ZkyACR6T5E
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) November 9, 2022
Да потсетиме, утринава во 7:07 часот е регистриран земјотрес со јачина од 5,7 степени во Италија. Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри од Римини, во Јадранското Море.
Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Италија на социјалните мрежи објавија фотографии од оштетувања на ѕидови или згради. Железничкиот сообраќај превентивно е прекинат во близина на Анкона, на јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините. Училиштата беа затворени во многу градови, вклучувајќи ги Пезаро и Анкона.