Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Од:

Без разлика на испраќањето на Законот за регистрација на здруженија во Венецијанската комисија, овој закон ќе биде разгледан за време на билатералниот скрининг со ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски нема проблем што законот ќе се испрати во комисијата, но лично смета дека тој закон нема недоречености.

– Ние законот за здружение на граѓани го имаме донесено во Собранието, сите закони ќе бидат разгледани во процесот скринигот на билатерелен со ЕУ без разлика на Венецијанската комисија. Сите закони ќе се разгледаат и потоа ќе претрпат усогласувања. Јас сметам дека тој закон нема недоречености во него затоа што алудира на чувствата на нашите граѓани кои се однесуваат на имиња од Втората светска војна, дека треба да бидат зачувани при отворањето на било какви организации, а јас би го проширил дури и на трговски друштва. Јас сум на став да земеме пример од германското законодавство за да се решат овие проблеми, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски