Мора Хили е првата гувернерка во САД припадник на ЛГБТК+ заедницата

Од:

Јавната обвинителка на американската држава Масачусетс, Мора Хили стана првата гувернерка на држава во САД, која отворено се декларира како лезбијка.

Педесет и едногодишната Хили го победи републиканецот Џоф Дил, поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп.

– Сакам да им кажам нешто на секое мало девојче и на секоја млада ЛГБТК+ личност. Се надевам оваа победа покажува оти можете да бидете што сакате и дека никој не може да ви застане на патот, освен вашата имагинација, но, тоа нема да се случи. Стојам пред граѓаните горда што ќе бидам првата жена и првото геј лице гувернер на Масачусетс, истакна таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on