ВИДЕО: Првите снимки од силниот земјотрес во Италија, почувствуван и низ цела Хрватска

Од:

Земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран во Италија во 7 часот и 7 минути.

Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри од Римини, во Јадранското Море.

Граѓаните досега пријавиле оштетувања на ѕидови или објекти. На социјалните мрежи беа објавени првите снимки од земјотресот, односно од настанатата штета.

„Денеска, 9 ноември 2022 година, во 7 часот и 7 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Јачината на земјотресот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.Земјотресот е почувствуван низ цела Хрватска“, пишува Сеизмолошката служба HR.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски