Нов грант на Агенцијата за вработување во Прилеп

Од:

Агенцијата за вработување распиша јавен повик до невработените лица, кој се однесува на користење грант-средства за отпочнување сопствен бизнис. Грантот во висина од три илјади евра, плус покривање на трошоците за регистрација на фирмата од годинашниов прв циклус за самовработување во регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени ќе го користат 34 лица.

Најголем интерес на јавниот повик пројавиле невработените со идеја за отворање занаетчиско – производствени фирми, како изработка на сувенири, украсни свеќи, преработка и производство на храна, но и автомеханичарски работилници, автолимари и друго.

Инаку, од 2007 година, кога почна оваа мерка со оперативниот план на Владата за намалување на невработеноста, во Прилеп имало 1200 апликации, од кои позитивно се решени, односно отворени се 336 нови фирми, а на ниво на државата таа бројка е 4.840, од кои околу 28% опстојуваат и натаму со проширување и зголемување на бројот на вработени. На сопствениците им се нуди можност за секое наредно вработено лице да добијат помош од 1500 евра.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните