Бегај со порака до косовските власти и лидери: Решение преку дијалог

Од:

Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелираше до косовските власти и лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот.

-Мојата порака до косовските лидери е да ја задржат смиреноста, да го продолжат дијалогот, бидејќи само преку дијалог може да се постигне решение на проблемите, порачува Бегај.

Исто така оценува дека севкупната глобална безбедносна ситуација е под закана.

-Како што знаете, рускиот неиспровоциран и неоправдан напад на Украина ја дезориентираше целата безбедносна ситуација во регионот на Западен Балкан, што ценам дека е мирна, но многу кревка ситуација и во секое време може да има тензии, нагласува Бегај.

Додава дека како Албанци, како народ, треба да ја одржат смиреноста.

-Ние како Албанци, како народ, мораме да ја задржиме смиреноста, не смееме да станеме плен на провокации, да гарантираме дека сме граѓански луѓе, не сакаме војна, но сакаме мир и мора да придонесеме што е можно повеќе за решавање на проблемите само преку дијалог, порача Бегај.

Претходно во телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи изразил загриженост околу тензичната ситуација во северниот дел на Косово.

Во исто време го ” охрабрил продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО”.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски