Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада

Од:

Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и со институциите во Канада, смета канадскиот премиер Џастин Трудо.

Изјавата на Трудо следува откако канадскиот телевизиски канал Глобал њуз извести за финансирање „тајна мрежа“ на кандидати на неодамнешните избори.

Исто така, властите во Отава кон крајот на октомври најавија истрага за наводни незаконски кинески полициски бироа во областа на Торонто.

– Презедовме значајни чекори за зајакнување на интегритетот на нашите изборни процеси и системи, нагласи Трудо пред новинарите.

Тој додаде дека Канада ќе продолжи да „инвестира во борбата против мешањето во изборите, против странското мешање во демократиите и институциите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина