Најмалку 20 лица загинаа, а околу 48.000 се раселени поради поплавите кои во почеток на август ја зафатија Нигерија, соопштија Обединетите нации.
Најголеми штети се причинети во централната област Марад, каде што загинаа девет лица, а околу 19.000 се раселени, пренесе „Франс прес“. Раселените лица се сметстени во локалните училишта.
Обединетите нации предупредуваат дека земјиштето во оваа западноафриканска држава сега е загрозено од масовна инвазија на скакулци како последица на поплавите.
Елена Георгиевска