САД ќе и дадат финансиска и техничка помош на Албанија за кибер-одбраната

Од:

Откако кибер-нападите го изнесоа на виделина слабиот одбранбен систем на Албанија наспроти иранската агресија, земјата ќе добие финансиска и техничка поддршка од Вашингтон, со цел зајакнување на кибер-безбедноста, јави Топ чанел.

Пораката и ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден, што преку официјално писмо ги донесе во Тирана, на шефот на државата Бајрам Бегај и на премиерот Еди Рама, им ги пренесе амбасадорката на САД при ОН, Линда Томас Гринфилд.

– САД остануваат посветени на обезбедување значајна поддршка за зајакнување на кибер-одбраната, вклучително и финансиска помош и формирање на работна група за кибер-безбедност. Го испративме амбасадорот Нејт Фик и еден претставник на Белата куќа во Тирана за да соработуваат на долгорочен план со вашиот нов координатор за кибер-безбедност, пишува Бајден.

Споменувајќи го заедничкиот став против руската агресија во Советот за безбедност на Обединетите нации, САД бараат Албанија да преземе посилна лидерска улога во регионот, истовремено нудејќи американска поддршка за своето европско патување.

– Во наредните години имаме намера уште повеќе да ја продлабочиме нашата стратешка соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Албанија да има поголемо регионално лидерство преку промовирање на стабилност и енергетска безбедност на Западен Балкан. И ќе продолжиме да ја поддржуваме Албанија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија, наведува Бајден.

Во писмото претседателот Бајден високо ја оценува помошта на Албанија за сместување на украински и авганистански бегалци.
Амбасадорката Гринфилд во Европа ќе престојува до 9 месецов, а освен Албанија ќе ја посети и Полска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он