Меркел: Meѓународната реакција е неопходна

Од:

Лидерите на Германија и Британија сметаат дека сирискиот режим мора да биде казнет поради минато неделниот напад со хемиско оружје.

Според германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон, има доволно докази за употребата на сарин во нападот во близина на Дамаск, се наведува во соопштението на германската влада.

Во соопштението се истакнува дека сирискиот режим не смее да се надева дека ќе може да продолжи со војната која го прекршува меѓународното право.

Поради тоа нивен став е дека меѓународната реакција е неопходна , пренесе „Ројтерс“.

Само четири недели пред изборите на кои се надева дека ќе го добие третиот мандат, Меркел се соочува со прашањето како да одговори на наводите за тоа дека во Сирија е изведен напад со смртоносен отров, додека мнозинството германци се против воена акција во Сирија.

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека се уште не донел одлука за воен напад врз Сирија, но дека цел на акцијата е да се спречи понатамошна употреба на хемиското оружје.

Тој нагласи дека американските официјални лица веруваат дека сириската влада е одговорна за нападот во кој загинаа неколку стотици лица, пренесе „Ројтерс“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија