Скопјанец осомничен дека продавал марихуана и овозможувал на други лица да ја користат

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 став 1, како и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Осомничениот 21-годишен скопјанец, на 4 ноември, во домот во кој привремено престојувал на улицата „Христо Татарчев“, неовластено за продажба држел 46,62 грама марихуана.

При претресот во домот биле затекнати уште четири лица на кои тој им ставил на располагање просторија во станот за уживање во наркотичната дрога.

Полициските службеници при претресот пронашле и дигитална вага со траги од канабис.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за да се обезбеди присуството на осомниченото лице во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува еднаш неделно во судот, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.​​

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ