Кај осудувано лице полицијата пронајде полуавтоматски пиштол

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот, на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол „Токарев Т33“ со една рамка и шест куршуми. Пиштолот го поседувал без дозвола.

Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице претходно осудувано за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации согласно член 322-а од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител нареди детален претрес на неговиот дом и одземање на електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Би можело да ве интересира

На семејна прослава двајца струмичани пукале со сигнален пиштол

Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух

Инцидент во Скопје, насилник се заканувал со пиштол

Малолетник пукал со пиштол во Чаир, два куршума завршиле во стан

Едно лице убиено со огнено оружје во близина на скопското село Блаце

Предраг Петровиќ

43-годишник уапсен, малолетните деца краделе – претреси во Струга и Битола најдени пиштоли, пушки и муниција

А1он