Околу Тајван забележани 44 кинески воени авиони и четири бродови

Од:

Министерството за одбрана на Тајван вчера соопшти дека следи 44 кинески воени авиони, четири воени бродови и два воени беспилотни летала околу островот.

Кинеските воздушни и поморски возила се надгледуваат со електронски алатки за следење, патролни авиони, бродови и копнени ракетни системи, соопшти Министерството.

Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон ескалираа откако Кина започна воени операции без преседан околу Тајван во август, кога претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, дојде во ненајавена посета на самоуправната островска држава.

Тајван и Кина се разделија во 1949 година откако комунистите победија во граѓанската војна на копното. Двете страни велат дека се една земја, но не се согласуваат која влада има право на национално лидерство во Тајван. Пекинг и Тајпеј немаат официјални односи, но ги поврзуваат милијарди долари во трговија и инвестиции. Кина гледа на Тајван како на „отцепена провинција“. Пекинг вети дека ќе го обедини островот, вклучително и со сила доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони