(ВИДЕО) Татко убил педофил, синот убиството го гледал на телевизија

Од:

Во март 1984 година, цела Америка дозна за педофилот Џеф Даусет (25), инструктор по карате, кој го киднапирал Џоди Плауч (11) од Луизијана и го однел сè до Калифорнија, каде со денови во хотел сексуално го злоставувал момчето. Џоди претходно земал часови по карате кај Даусет речиси една година.

Момчето било спасено во моментот кога Даусет му дозволил да и се јави на мајка си. Полицијата открила од каде дошол повикот, па педофилот бил веднаш уапсен, а Џоди бил испратен дома кај родителите во Луизијана.

Но, уште поголем национален шок се случил на аеродромот во Батон Руж во Луизијана, кога полицијата со лисици на рацете го изнела Даусет од авионот. Многу новинарски екипи биле присутни за да го снимат настанот, но никој не очекувал дека камерите тој ден пред камерите ќе се случи убиство во живо.

Гери Плауч, таткото на малиот Џоди, не можел да се помири со сознанието дека Даусет го злоставувал неговиот син и откако се уверил дека детето му е безбедно дома, „маскиран“ со капа и очила за сонце отишол на аеродромот. Во една од телефонските говорници на аеродромот, додека чекал полицијата да го спроведе педофилот Гери разговарал со својот брат.

„Еве, тој дојде. Сега ќе слушнете истрел“, му рекол на својот брат, а потоа се свртел и пред телевизиската екипа и полицијата, го застрелал Даусет во слепоочница.

Педофилот паднал на земја, а полицајците веднаш скокнале врз Гери, додека еден инспектор извикал: „Зошто, Гери, зошто?!“

Токму таа реченица е наслов на книгата која ја напишал Џоди Плауч. Џоди денес има 48 години, а неговиот татко Гери починал во 2014 година на 69-годишна возраст од срцев удар.

Џоди Плауч во книгата пишува за голем гнев што го чувствувал кон својот татко затоа што го убил Даусет и дека му требало долго време да ја надмине траумата.

Убиството што го направил татко му малиот Џоди го видела во живо, на телевизија додека бил дома.

„Чувствував дека е реално. Плачев и бев лут. Подоцна ја гледав лентата, одново и одново. Најпрвин му бев лут на татко ми затоа што кога имаш 11 години се што посакував е Џеф да престане да ми прави ужасни работи“, изјави Џоди за „Сан“ во октомври оваа година.

Гери Плауч поминал само еден викенд во притвор, потоа избегнал затвор па добил домашен притвор и како казна морал да изврши општокорисна работа.

Го добил епитетот „херој“ бидејќи при апсењето на аеродромот кога инспекторот го прашал зошто го направи тоа, Гери одговори: „Нели и ти би го направил истото ако тоа беше твоето дете?“.

Како што открива Џоди, неговиот однос со татко му подоцна се подобрил, но Гери никогаш не зажалил за тоа што го направил – тој често велел убиството би го направил повторно.

Џоди во книгата пишува дека го осудува злосторството што го извршил татко му затоа што верува дека родителот треба да биде покрај своето дете, а не во затвор.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер