Ред бул го реорганизираа Ф1 тимот по смртта на Дитрих Матешиц

Од:

Ред бул го откри новиот менаџерски тим како дел од планот за наследство на поранешниот сопственик, Дитрих Матешиц, кој почина минатиот месец. Австриската компанија веќе нема да има еден извршен директор, туку одговорноста ќе биде поделена меѓу Франц Вацлавик, кој ќе го надгледува основиот бизнис со енергетски пијалоци, главниот финансиски директор Александер Кирхмаер и Оливер Минцлаф, новоименуваниот директор за корпоративни проекти и инвестиции.

Ова значи дека Минцлаф ќе го надгледува Ф1 тимот, додека Кирхмаер ќе биде одговорен за моторспорт буџетот на компанијата. 47-годишниот Минцлаф, кој од 2000 до 2008 година работеше во производителот на спортска опрема, Пума, претходно беше одговорен за фудбалскиот синџир на клубови на Ред бул. Тој сега ќе се симне од позицијата претседател на бордот на бундеслигашот РБ Лајпциг и беше поврзуван со англискиот премиерлигаш Челси, пред ова именување.

Марк Матешиц, синот на поранешниот газда, потврди дека оваа структура ја избрал самиот Матешиц и дека ја имаат целосната поддршка на тајландските партнери на компанијата, семејството Вувидја, кое останува главен акционер во компанијата.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Почина сопственикот на Ред Бул

Горан Наумовски

Ред Бул негира дека ќе го врати Себастијан Фетел

Ред Бул: Забележливо е дека промените во правилата се од корист за Мерцедес

Рикардо: Не можам да дочекам да избегам од „проколнатиот“ болид

Наум Локоски

Red Bull мета на уцена

Емир Латифовиќ