Герет Бејл во 2007 година за само 5 милиони премина од Саутемтпон во Тотенхем, малкумина можеа да претпостават дека неговата цена ќе достигне висина од 80 до 120 милиони во 2013.
Велшанецот имал проблеми да пронајде било каква форма, па бил дел од понудата на Тотенхем до Мидлсборо, во која тие го нуделе Бејл плус 15 милиони за Стјуарт Даунинг.
Но, откако ја пронашол формата по 2 години и 4 месеци минати во клубот, Бејл два пати стрелал во победата над Барнли од 5:0.
Се чини дека пресвртница во кариерата на Бејл и преобразбата во фудбалерот кого го гледаме денес, бил натпреварот со Интер во рамките на Лигата на Шампионите во 2010 година, кога Велшанецот самиот го победи италијанскиот гигант, постигнувајќи хет-трик.
Во Јануари 2011 година, клубот од Милано испратил понуда од 40 милиони за Герет Бејл. Меѓутоа, ни тогаш, на бил на продажба.
Кога се чинело и дека двете едно-по-друго награди за Најдобар играч на сезоната во Премиер лигата нема да ја зголемат неговата цена, новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, испратил понуда од 60 милиони фунти за бројот 11 на Тотенхем.
Сепак, еден месец подоцна, и таа сума е “смешна” за тоа што го пишува шпанскиот спортски весник Марка – односно сумата од 80 до 120 милиони фунти кои Реал Мадрид е подготвен да ги плати за Бејл.