Бугарските пратеници одобрија купување осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

Од:

Бугарските пратениците одобрија купување осум нови борбени авиони Ф-16. Одлуката е усвоена со 162 гласа „за„ и 49 против. Воздржани беа 11 пратеници.

„За„ гласаа ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промената“, ДПС, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“. Против гласаа пратениците на БСП и Преродба.

Со донесувањето на одлуката, народните избраници му дозволуваат на Министерскиот совет да подготви договори за трансакцијата.

Вкупната сума е 1.296.412.185 долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени