На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Одделот за сузбивање на високотехнолошки криминал и Секторот за аналитика, телекомуникации и информатичка технологија, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, работaт на откривање на сторителите на масовното испраќање пораки познати како „спам“, кои се испратени на поголем број електронски адреси на државни институции и други правни лица, како и на приватни лица.

Во злонамерните мејлови, кои се испратени од серверот на Google, кон електронската порака е прикачен документ во PDF формат во кој потписници на овие пораки се непознати лица, кои лажно се претставуваат како раководители на сектори или команданти на единици во Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

Исто така, во овие пораки од примачот се бара во одреден рок да одговори на добиениот мејл, во спротивно му се заканува постапка пред обвинителството или со закана дека наводната педофилија ќе биде објавена во медиумите.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите потенцијални примачи да не отвораат прилози од вакви мејлови.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени