Америка и Европа ги зголемуваат каматите: Нов удар врз цената на станбените кредити

Од:

Американската централна банка повторно ги зголеми каматите.

Новото зголемување на референтната каматна стапка на Федералните резерви на САД е алатка во борбата против инфлацијата, која ќе предизвика усогласување на каматните стапки во Европа, што ќе се прелее на задолжената економија и граѓаните. Оценката е дека светот веќе извесно време се бори против инфлацијата со зголемување на каматните стапки, дека таквиот тренд би можел да трае до средината на следната година и дека во меѓувреме треба да очекуваме зголемување на ратите за станбените кредити.

Ратите за станбените кредити веќе скокнаа за околу 60 евра во просек. Месечниот износ од околу 300 евра во претходните месеци беше зголемен и до 90 евра, а судејќи според очекувањата за натамошен раст, оваа сума може да биде само поголема. Уште полошо во целата приказна е што нема решение на повидок бидејќи банките нема да ризикуваат и да одлучат да ги намалат каматите, што на граѓаните би им донело повисока рата, но фиксна, без можност за раст.

„Европската централна банка (ЕЦБ) мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки за да се бори против инфлацијата, дури и ако се зголеми веројатноста за рецесија во еврозоната“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард за летонскиот весник „Делфи“.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги