Одземен имотот на Или Ндроќи меѓу другото и РТВ Ора, за адвокатите неуставна одлука и најавија жалба во Стразбур

Од:

Специјалниот првостепен суд во Тирана одлучи да одземе 100 отсто од РТВ Ора и да го префрли на државна сопственост, јави Топ чанел.

Во одлуката каде се опфатени 26 имоти, акции и удели стои дека телевизијата Ора била во сопственост на бизнисменот Или Ндроќи во висина од 60 отсто од акциите, а останатите 40 отсто во сопственост на неговата сопруга Мимоза Ндроќи.

-Целта е борба против слободните медиуми, односно затворање на медиум во Албанија, кој не и се допаѓа на актуелната власт. Апелациониот суд, кој ја потврди заплената, побара од обвинителството и судот да потврдат дали има или не докази за криминалната активност на Ндроќи. Во врска со ова не е преземено ништо, изјави адвокатот Бесник Мучи.

По соопштување на одлуката реагираа и другите двајца адвокати на Ндрочи, најавувајќи, меѓу другото дека следната битка ќе ја водат во Стразбур.

– Еден месец пред оваа одлука, судот го отфрли барањето на Ндроќи за поништување на одлуката за заплена на неговиот имот. Двајцата обвинители Дритан Пречи и Владимир Мара сметаат дека не се докажува потеклото и барањето не е оправдано за деблокирање на запленетиот имот, но адвокатите инсистираат на спротивното, наведува Топ чанел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он