Даниел Тамет е вистинска инспирација. Блескавиот ум на Тамет може да ги реши и најтешките математички задачи за неколку минути, и да научи странски јазик за неколку денови.
Иако има аутизам, тој зборува 10 јазици, меѓу кои романски, келтски, велшки и исландски, а измислил и свој јазик.
Роден е во Лондон, во 1979 година. Како мал ја удрил главата од ѕид, постојано плачел, и почнал да добива епилептични напади.
Во една пригода, неговиот брат во шега му рекол да пресмета голема низа од бројки, а Даниел ја решил за 10 секунди.
Овој гениј, во 2004 година го срушил рекордот кога за бројот „пи“ ја пресметал најдолгата децимала. Интересно е што никогаш не оди во продавница или на плажа, бидејќи веднаш почнува да ги брои зрната песок или да ги пресметува цените во продавница.