Мелони во Брисел на прва средба шефовите на европските институции

Од:

Новата италијанска премиерка Џорџија Мелони денеска пристигна во Брисел, каде по првпат во странство ќе има средби со високи претставници на Европската Унија, јави ДПА.

Попладнево таа има средби со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел, како и еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за соработка.

„Повеќе од кога и да било – со руската инвазија на Украина, вртоглавото зголемување на цените на енергијата и зголемената инфлација – треба да останеме обединети“, напиша Мецола. „Посилни сме ако останеме заедно“, додаде таа.

Мелони, екстремно десничарска политичарка, беше чест критичар на ЕУ и нејзините институции во минатото, што ја доведува до сомнеж околу посветеноста на нејзината влада да соработува со Унијата, наведува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски