Четворица Палестинци загинаа додека се пребројуваат гласовите во Израел по парламентарните избори

Од:

Израелските сили денеска убија најмалку четворица Палестинци во одделни инциденти, вклучително и еден кој нападна со нож полицаец во Источен Ерусалим и тројца други во израелските рации на Западниот Брег.

Насилството ескалира додека се пребројуваат конечните гласови во Израел по парламентарните избори во вторникот и се очекува поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху да се врати на власт благодарение на стабилното мнозинство предводено од екстремно десничарските сојузници.

Од почетокот на оваа година, повеќе од 130 Палестинци се убиени во израелско-палестинските конфликти на Западниот Брег и Источен Ерусалим, што е најмногу од 2015 година.

Насилството се интензивираше оваа пролет кога во бранот палестински напади загинаа 19 лица во Израел.

После тоа, започна воена операција за уништување на екстремистичките мрежи.

Во последните недели повторно се зачестија нападите против Израелците, во кои загинаа најмалку три лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Камп на американската армија кај Багдад погоден со четири ракети

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште