Папата Франциско денеска патува во посета на Бахреин за процесот на подобрување на односите со исламскиот свет.
Папата Франциско од денеска до 6 ноември ќе учествува на „Бахреинскиот форум за дијалог: Исток и Запад за хуман соживот“ во таа земја, а ќе разговара и со кралот Хамад бин Иса ал Калифа, пренесе Ројтерс.
Ова е втора посета на папата на Арапскиот Полуостров откако тој ги посети Обединетите Арапски Емирати во 2019 година.
Папата патува во Бахреин за да „отвори нови патишта за соработка со муслиманскиот свет“, рече бискупот Пол Хиндер, кој работи во регионот речиси две децении и сега е апостолски викар на Ватикан за Саудиска Арабија.
Во Бахреин живеат околу 160.000 католици.