Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Од:

Анкетите меѓу британските граѓани покажуваат дека голем дел од населението го дефинира Брегзит како грешка, објави Британскиот совет за анкети – синдикат на социолошки агенции во земјата.

„Брегзит денес е веројатно со најниска популарност од јуни 2016 година“, рече политикологот Џон Кертис, претседател на Советот.

На гласањето во 2016 година, 52 отсто од Британците избраа да ја напуштат ЕУ, а 48 отсто да останат во неа.

Трендот кон промена на ставовите на јавноста започна во есента 2021 година, кога недостигот на возачи во Британија јасно ја покажа цената за напуштање на Европската унија, додаде Кертис. Тој рече дека се уште е рано да се каже дека јавното мислење ќе бара ревизија на гласањето во 2016 година.

Според него, Лабуристичката опозиција не изгледа подготвена повторно да отвори дебата за враќање во ЕУ и единствениот пазар пред следните општи избори за две години, поради страв од губење на гласачите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска