Опозицијата во Република Српска вечерва на протест против пристрасното известување на РТРС

Од:

Во организација на опозициските партии во Република Српска вечерва се одржува протестен собир на граѓани во близина на зградата на Радио и телевизија на Република Српска (РТРС) во Бања Лука, пренесува Анадолија.

Опозициските партии претходно најавија дека протестот се организира за да го изразат своето незадоволство од необјективното известување на јавниот сервис.

Јелена Тривиќева, која беше кандидатка за претседател на РС на општите избори одржани на 2 октомври, рече дека барањето до РТРС е објективно известување и „да запре со етикетирање на сите оние кои мислат поинаку од режимот”. Таа порача и дека протестите на опозицијата нема да престанат, а нивното барање е судството да функционира и да ги процесуира оние кои, како што таа тврди, учествувале во кражбите на изборите.

„И покрај негативната одлука на Судот и на ЦИК, борбата мора да продолжи”, објави денеска на социјалните мрежи Јелена Тривиќ, додавајќи дека ќе се бори против „коруптивното зло” и дека одговорните за изборната кражба на крајот ќе бидат казнети.

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги потврди резултатите, а со тоа и изборот на Милорад Додик за претседател на Република Српска.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција