Вучевиќ: Со електронски уреди армијата на Србија собори комерцијален дрон

Од:

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ им се обрати на граѓаните по акцијата во која српската војска собори комерцијален дрон кој извидуваше терен во близина на воен објект кај Рашка.

„По наредба на претседателот на Србија, војската на Србија дејствувала на беспилотен објект кој се движел од правец на Јариње кон општина Рашка“, рече Вучевиќ.

Српската армија го заштити небото на Србија и граѓаните можат да бидат сигурни дека небото над Србија е безбедно, рече тој.

Вучевиќ рече дека ќе следи детална истрага која ќе покаже кој го поседува и контролира дронот.

„Војската на Србија го собори ова беспилотно летало со помош на електронски уреди, ние ги користевме најсовремените електронски уреди за да го собориме дронот што влезе во областа каде што е забрането присуство на авиони. Не ја провоцирајте Србија, тоа мора да им биде јасно на сите. Тоа покажува дека ние не штракаме со оружје, не се закануваме и не напаѓаме. Сакаме да разговараме на преговарачка маса, да правиме компромиси и да водиме разговори. Србија не е вреќа за удирање. Српската армија е способна да ја брани својата земја“, истакна Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он