Франција дозволи регистрација на „Мерцедес“

Од:

Државниот совет на Франција дозволи регистрација на возилата на Мерцедес, што беа блокирани поради несоодветен гас користен во системот за климатизација, јави МИА. Ова е привремена одлука на Државниот совет, кој подоцна ќе треба да донесе конечна одлука. Имено, француската држава од 12 јуни годинава се спротистави на регистрацијата на неколку модели на Мерцедес од класата А и Б, поради тоа што германскиот производител на автомобили користел гас за системот за климатизација кој не е во согласност со европските норми.

Од јануари 2013 година ЕУ наметна сите нови автомобили да го користат гасот Р1234ѕф, кој е со помали несакани дејства за природната средина. Од блокадата на француската држава, за регистрација чекаа 4500 автомобили, од кои 2704 беа веќе продадени. Мерцедес реши да се жали пред Државниот совет, тврдејќи дека се загрозени 1.600 работни места. Во одлуката на Државниот совет се вели дека регистрацијата треба да почне за два дена, државата е казнета со 3.000 евра парична казна со образложение дека постојат сериозни сомневања за легалноста на една вкава превентивна одлука, односно еколошката грижа на владата се покажала преуранета.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска