Груевски: Новиот пат до Трескавец ќе донесе повеќе туристи

Од:

Минатата година на празникот Успение на Пресвета Богородица го поставивме камен-темелникот за изградба на овој пат што води до еден од најкултните и најпознатите манастири на Балканот, манастирскиот комплекс „Трескавец“, a денес со задоволство го пуштаме во употреба, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето на новоизградениот пат од Прилеп до манастирот „Трескавец“, во должина од 7,5 километри.

– Со неговата изградба Прилеп ќе стане уште поатрактивна локација која ќе овозможи развој на манастирскиот, но и други видови алтернативен туризам, а дополнително со обновата на конаците се очекува годишна посета од над 50.000 туристи тука во овој манастир, рече Груевски.

Со реализацијата на овој проект, како што додаде, потврдивме оти изградбата и реконструкцијата на патиштата останува еден од врвните приоритети на Владата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски