Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Турција и Унгарија што поскоро да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО. Унгарија и Турција се единствените две преостанати членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале барањата, истакнува Ројтерс.
„Сите очи сега се насочени кон Унгарија и Турција. Ние чекаме тие земји да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Марин.
Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, претставувајќи обединет фронт пред Турција.
Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини дека засолниле на, како што смета, терористичките групи.