Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија

Од:

Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.

Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација пред да стапи во сила одлуката.

На почетокот на септември српската влада воведе привремена забрана за извоз со цел да се спречи критичен недостиг на овие намирници.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија