Водачот на кубанската револуција Фидел Кастро ги демантираше информациите во медиумите дека Куба одбила да го прими Едвард Сноуден поради притисок од САД.
– Никој нема право да зборува во името на Куба, изкави Кастро, додавајќи дека е восхитен од постапката на Сноуден.
Според него, Сноуден му направил услуга на светот, откривајќи ја „злобната политика на моќната империја, која го лаже светот“.
– Куба веќе 54 години е притив притисокот на САД и нема намера да се предаде, нагласи Кастро.
Западните медиуми претходно објавија дека Хавана и соопштила на Москва дека нема да дозволи слетување на авионот на „Аерофлот“, доколку Сноуден се наоѓа во него.