ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека министерот за надворешни работи Бујар Османи „не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон“.

„Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?“ е ставот на опозициската партија.

Македонскиот шеф на дипломатија рече дека „директорот на протокол поднел оставка поради морална одговорност, иако немаше никаква директна одговорност“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија