Воспоставено е снабдување со електрична енергија и вода во Киев

Од:

Снабдувањето со вода и електрична енергија во Киев е целосно обновено, изјави утрово градоначалникот Виталиј Кличко.

Тој на Телеграм им се заблагодари на експертите од водоводните и енергетските компании кои по вчерашните руски ракетни напади цел ден работеа за да овозможат повторно снабдување со струја и вода на зградите на Киев.

Кличко изјави дека е обновено и снабдувањето со електрична енергија во Киев, но дека се на сила ограничувањата поради значителниот дефицит во енергетскиот систем по руските напади, пренесува Интерфакс Украина.

Вчера руските сили извршија масовни ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина, главно енергетски, а потоа во Украина беа воведени итни прекини на струја.

Околу 80 отсто од потрошувачите во Киев останаа без вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск